#pubdate 2013-06-30 22:02:36 +0000 #title Фрагмент: насилство #author Л #SORTauthors Л (L) #SORTtopics анархизам, инсурекционизам, насилство/ненасилство #source [[http://325.nostate.net/?p=8197][325.nostate.net]] #date 24.06.2013 #notes Наслов на оригиналот: *Fragment: Violence*. Превод: Стефан Симоновски, 2013. #lang mk Овој краток текст е само дел од серијата идни критички написи во врска со „граѓанскиот анархизам“, за кој веќе пишуваа [[http://mk.theanarchistlibrary.org/library/venona-k-skandalozni-razmisli][Венона К.]] и изданијата на Dark Matter, како одговор на изјавата на Анархистичката федерација (Велика Британија)/Libcom во врска со ранувањето на извршниот директор на компанијата Ansaldo Nucleare, Роберт Адинолфи, во Џенова.[1] Двајца анархистички другари, Никола Гаи и Алфредо Коспито, се обвинети за нападот чија одговорност ја презеде Ќелијата Олга/FAI-FRI (Неформална анархистичка федерација - Меѓународен револуционерен фронт). Солидарност со обвинетите, кои се во затворот Ферара (Италија). Овој фрагмент е само низа од нафрлени размисли, извлечени од белешки едно дождливо попладне. Ова не е ниту „манифест“ ниту сувопарна политичка изјава, на која всушност е одговор. *** 1 „Извршувајќи бројни напади врз цели на системот, пред сè со деструктивни материјални исходи, бевме и секогаш ќе бидеме прецизни. Целиме исклучиво на институции и на претставници на системот, особено внимавајќи да не повредиме некој кој не е наша мета.“ *Заговор на Огнените ќелии* Насилството не е ниту добро ниту лошо. Тоа е темел врз кој државата ја гради доминацијата и согласноста. Сите кои сакаат да го разбијат тој однос се опишуваат како криминалци и/или лудаци. А секој чин чијашто цел е пречекорување на тој однос, постојано се именува како „незаконски“, па дури и како „тероризам“. *** 2 „Нема невини. Сите сме дел од општествената машина на Моќ. Прашањето е само дали сме масло или песок во неговите запчаници. Затоа го отфрламе поимот за привидна невиност на општеството. Молчењето никогаш не е невино. Ја мразиме и раката која го држи камшикот и грбот кој пасивно го трпи.“ *ЗОЌ* Примерните граѓани, медиумите, полицијата, судовите, судиите, затворите и војската се одбранбените линии на поредокот на наведениот општествен однос. Анархистичкото насилство е разбивање на тој поредок, тоа е присвојување/израз на нашата моќ и раскинување на соучесништвото на покорната маса. Тоа претставува криза на постојната реалност и почеток на нејзиното уништување. *** 3 „Животот добива вредност врз основа на изборот кој секој поединец го прави.“ *ЗОЌ* Се разбира, треба да се истакне дека кога анархистите употребуваат сила, таа никогаш не е индискримативна. Граѓанските анархисти, чијшто единствен домен е царството на политиката, реагираат на реториката на „тероризам“, која ја наметнува државата, постојано повторувајќи ја догмата за „изложување на опасност на животот“ на поштенските работници и службениците. Јасно е дека се работи за технички и оперативни прашања при напад на избраните цели, но сепак не би се расплакал за службениците на компанијата Swissnuclear[2], за извршниот директор на Equitalia[3] ниту за шефот на Ansaldo Nucleare. Ниту пак ќе се вознемирам ако биде ранет некој вработен во некоја амбасада, бидејќи на сите, освен на тие идиоти, им е јасно што претставуваат тие места. Новите анархистички герилци не бараат милост врз основа на јасното дефинирање на своите цели, туку својот отпор го искажуваат на свој сопствен начин и јазик. *** 4 „Тигрите на гневот се помудри од коњите на поуката.“ Вилијам Блејк Граѓанските анархисти ја исцртуваат истата поделба како марксистите помеѓу „криминалците“ и самите себе: „добрите луѓе“ кои се наоѓаат во рамки на законите на нивните самоодредени параметри на однесување, и „лошите луѓе“ кои нивните правила ги осудуваат. Надвор од Велика Британија многумина другари имаат многу поблизок однос со „насилството“ и „криминалот“ преку ограбување банки, организирани напади, насилни протести, кражби, фалсификување итн., надоврзувајќи ја на тоа и можноста за живот во илегала. Илегализмот е лебот на востанието. Многумина веќе завршиле во затвор и можеме многу да научиме од нивните случаи на разни места. Во Велика Британија многу недостига искуство во поглед на организирањето напади, препознавањето на идеите и односите на групите на афинитет во однос на „криминалните дела“. Кршењето на законот е дел од развојот на анарховостаничкиот проект и тоа е дел од причината зошто граѓанските анархисти ги презираат и занемаруваат случаите на анархисти кои се во затвор или во бегство - затоа што ги оспоруваат нивните дела, нивната склоност кон напад, како и глобалниот дискурс на анархистите од пракса. Индивидуалните чинови на насилство/негација кои не се одобрени од нивните теоретичарски групи, се сметаат за дел од „криминалната“ или “терористичка“ сфера и се етикетирани како провокации. На тој начин, граѓанските активисти стануваат дел од дискурсот на моќ и се поставуваат себеси како сегмент на репресија. Запрашајте се, во сета нивна реторика за „работникот“ - каде е „криминалецот“? Не сите „криминалци“ се бунтовници, но постои цел еден свет кој не е земен предвид. Не се работи за грешка, граѓанските анархисти ги презираат криминалците и не бараат укинување на затворите, туку нивна реформа. Тие се плашат од антисоцијалната толпа, од Кралот на толпата, кој се вратил да ги запали сите домови на политико-меритократите и пеплоса градот, затоа што граѓанските анархисти се „цајкани на иднината“. За граѓанските анархисти, според нивната христијанско-социјалистичка теорија, „работникот“ е оној кој ја следи нивната проектирана траекторија, кој го прави она што сите го прават, кој нема да земе повеќе од она што му е дозволено како работник и кој може само да бара повеќе, но ретко и да добие. „Криминалецот“ не следи траекторија, тој е Аутсајдер. Криминалецот го зема она што го сака, дури и повеќе од она што му е потребно и пред никој не ја наведнува главата. Со криминалецот не управуваат ниту граѓанските слуги ниту граѓанските анархисти, и затоа криминалецот е исклучен од нивните расправи. Или потиснат. Исто како и нескротливиот Единствен. *** 5 „За нас не постои златна средина. Оние кои отворено ги искажуваат своите анархистички намери се соочуваат со одлучувачка дилема, или да делуваат или засекогаш да се откажат од анархија. Никогаш нема да се изроди анархија од кафеанските кулиси и озборувањето. Или делувај или молчи...“ Заговор на Огнените ќелии - FAI/FRI - Банди на свесноста - FAI/FRI - Ќелија Соле-Балено. Нападот е примарната цел на новата анархистичка урбана герила - да се уништат обрасците на делување на службениците, каблите и моторите на економската мегамашина, и да се шири терор меѓу класите. Уништувањето банки, фабрики, електричната инфраструктура, интернет сообраќајот, мобилната телефонија, телевизијата, радио антените и нападите на технологијата на доминација можеби и не можат да се опишат како „насилство“ или „тероризам“, но ударите кои ги задаваат се доволно загрижувачки за власта да може да ги занемари. Уништувањето имот му нанесува штета на непријателот и на покорната маса и има јасна востаничка цел. Ја отфрлам етикетата „ненасилна“ која често се прикачува на саботажите и нив ги сметам за дел од полиморфната борба која ги надминува таквите дефиниции кои ѝ одат во корист на општествената контрола. Анархистичкото насилство е „криминално“ во смисла дека оди против општествените очекувања за ред и согласност и затоа веројатно е сосема во ред да претпоставиме - особено внатре постиндустриското јадро, каде чувството за социјален мир е многу развиено - дека најблиските непријатели од кои анархистите можат да очекуваат дека ќе настојуваат да ги спречат нивните намери се други анархисти - граѓански анархисти - оние кои попрво би ја избегнале репресијата и продолжиле својата бесполезна рутина низ светските метрополи. *** 6 „Се обраќаме преку огнот. За да се присетиме и секогаш имаме на ум сестрите и браќата кои ги киднапирала државата и ставила зад решетки. За да ја продолжиме борбата на урбана герила против непријателите на слободата. Делата нека зборуваат за нас.“ Единица на Бесот FAI/FRI Индонезија Ранувањето на извршниот директор Роберт Адинолфи не го сметам за некој особено „насилен“ чин, за мене тоа повеќе е анархистички чин на слободна волја и слобода. За жал, тавките дела се ретки и не се случуват доволно често. Предизвик е повеќе да се потрудиме. Сметам дека таквите дела несомнено би требало да бидат составен дел од анархистичкиот бунт. И покрај елитистичкото блеење на граѓанските анархисти, сепак ми пречи тоа што Италијанската анархистичка федерација (FAI - Federazione Anarchica Italiana) го има истиот акроним како Неформалната анархистичка федерација (FAI - Federazione Anarchica Informale). Затоа не е потребно да му се нудат очила на оној кој не знае да чита. Минаа 10 години откако италијанската FAI ја прогласи неформалната FAI за полициско привидение. Погрешен став кој граѓанските анархисти во Велика Британија го повторуваа цела една деценија како папагали, само затоа што одеше во прилог на нивната слепа политика. Во својата изјава, осудувајќи го ранувањето на Адинолфи, ги спојуваат одвоените акции во акција на една единствена група. Меѓутоа, FAI каква што тие би сакале да ја прикажат, не постои. На истиот начин, што не е случајно, како што тоа се обидува да го направи репресијата преку своите маневри како што се операцијата Одлучност (Ardire), судскиот процес Марини итн. На тој начин се обидуваат да ги рашират лагите, дека она што важи за едниот важи и за другиот - a priori. Нивната цел е да се обезвредни и задуши нескротливата нова анархистичка тенденција којашто се заканува на нивните организации. Се плашат од криминализирање на нивните хоби-групи, збиралишта и безначајни иницијативи, на тој начин помагајќи ја криминализацијата и сузбивањето на новата генерација на анархистичка борба. Но, како што тие ги донеле своите одлуки, така ги донесовме и ние, а резултатите се јасно воочливи - неформална меѓународна востаничка сила која се зголемува и која не следи само една линија, теорија или метод, и која е доследна на анархистичките идеи. Им ги возвраќам обвинувањата за „авангардизам“ и „елитизам“ на управувачките организации на граѓанските анархисти на здодевност и воздржаност. Не ми треба членска книшка од централизиран политички култ ниту да дарувам дел од моите примања на некаков си комитет за да бидам анархист! Или за да се организирам! За нив капитализмот е само „општествен однос“ кој никогаш нема да може да биде променет ако не се придржуваме на „целите и принципите“ на нивната формална организација која зборува за „култура на отпор“, и покрај тоа што нема докази дека тие воопшто учествуваат во нејзиното создавање на некој конкретен начин. Што се однесува барем до мене, капитализмот е само мал дел од доминацијата со којашто се соочувам денес со моите другари раштркани низ целиот свет, кои се борат против тоталитетот на постоечкото и ги прифаќаат сите анархистички методи и последиците од нивната употреба. Меѓународните дела на FAI/FRI и анархистите од пракса се нешто многу повеќе од ефтини глупости и шуплива социјалистичка пропаганда за „свет во кој нашите животи навистина се под наша контрола“. *** 7 „Да не заборавиме дека после зборовите следуваат дела.“ ЗОЌ За разлика од граѓанските анархисти, сметам дека не постои суштествена разлика во исправноста помеѓу индивидуалното или колективно анарховостаничко насилство, без оглед дали тоа доаѓа од „широкото движење на класна борба“ или не. Голема акција или мала; мал метеж или голем неред; еден транспарент, скршен прозорец, уништена корпорациска канцеларија, запалена банка; чин на солидарност, услуга, подарок, оброк, постела; памфлет, напис или графит на крајот може да стане куршум во главата на авторитетот, и затоа и понатаму има значење и вредност во новата анархистичка црна интернационала. *** 8 „FAI/IRF е меѓународен заговор на анархисти од пракса кои ги потпалуваат одранбените позиции на социјалните реформистички анархисти. Се отарасува од мирисот на мемла која се нафатила во амфитеатарската анархија и го исполнува воздухот со мирис на барут, црна анархија, мрак, експлозии, истрели, саботажи. Тоа објаснува зошто Меѓународниот револуционерен фронт на FAI и Заговорот се наоѓаат на врвот на листата на анархистички опасности, како што е истакнато во неодамнешното известување на Еуропол.“ Заговор на Огнените ќелии - FAI/FRI - Банди на свесноста - FAI/FRI - Ќелија Соле-Балено Во овој свет кој пропаѓа, своите зборови, идеи и дела ги сфаќам како капки дожд кои придонесуваат кон бурата од катастрофални размери која ја подготвуваат моите познати и непознати другари. Веќе предизвикува хаос низ светот, а притисокот продолжува да расте. Заедно со останатите диви, насилни Единствени ќе се среќаваме дење-ноќе за да извршиме напади врз општеството и државата. Прегратка за мојот пријател Јанис Наксакис[4]. Огнена прегратка за сите другари во затвор. [1] 7 мај 2012, Џенова, Италија: Роберто Адинолфи, извршниот директор на компанијата Ansaldo Nucleare, е застрелан во коленo на улицата пред неговиот дом. [2] 30 март 2011, Олтен, Швајцарија: пакет-бомба експлодира во канцелариите на компанијата Swissnuclear (Федерацијата на швајцарската нуклеарна индустрија), нанесувајќи им површни повреди на двајца службеници. FAI ја презеде одговорноста за нападот. [3] 09 декември 2011, Рим, Италија: Марко Кукања, извршниот директор на италијанската даночна служба Equitalia, прима писмо-бомба која експлодира по отворањето, нанесувајќи му повреди од кои изгубил дел од прстот и речиси ослепел откако од експлозијата се распрснала стаклената маса. [4] 30 април 2013, Атина, Грција: анархистите Јанис Наксакис и Григорис Сарафудис се уапсени во населбата Неа Филаделфија при излегувањето од кафуле. Истовремено, бројни полициски сили упаднале во кафулето и ги фатиле анархистичките бегалци Аргирис Талиос и Фибос Харисис-Пулос. За обајцата другари е издаден налог за апсење во средината на февруари 2013 (после двојниот грабеж во Велвендо-Кожани и затворањето на анархистите Андреас-Димитрис Бурзукос, Димитрис Политис, Никос Романос и Јанис Михаилидис). Сите четворица се наоѓаат во притвор во затворот Коридалос, обвинети за „терористичко организирање“ врз основа на ДНК примероци од различни случаи на грабежи на банки.