М

Катедрали во пустина

Размисли за уличните протести

2014

„Бунтовник, затоа што денес општеството ме задушува и сака да го оневозможи слободното изразување на моето битие, јас ги користам сите оружја во борбата. Бунтовник против масата која исто така е мој непријател со своите празноверија, морал, деградирања итн. Се борам и против масата. Само во борба за МОЕТО искупување, за МОЈАТА слобода, за МОЈАТА сегашност. Сето останато не ме интересира.“

Бруно Филипи

На 11 јули [2014] во Торино ќе се одржи Г7 и градот неизбежно ќе стане театар - никогаш еден поим толку не одговарал - на организиран собир на различни национални средини.

Некои анархисти и анархистки исто така одлучија да повикаат на тој ден, што многу ме изненади. 11 јули ќе биде уште еден театар на општествениот бес кој е дел од секојдневниот контекст во кој конфликтот е речиси непостоечки (освен во некои средини), кој често се темели на барања или интензитетот му е многу низок; 11 јули ќе биде уште еден ден политички корисен за заземање простор во режимските медиуми, уште подобро ако има судири и апсења, а потоа откако ќе помине бранот на „огорченост“ повторно ќе завладее мир со нашата убава татковина, барем до следниот уличен театар.

Таквите сценарија на автономните/непослушните [autonomo/disobbedienti] не би требало да бидат храна за бунтовниците/револуционерите. Како потоа да се премолчат малограѓанските барања заради кои се повикува на протести и кои се во целост неприфатливи? Даноци, експлоатирање на работници? Но ние, кои сме за уништување на работата, за укинување на платите, каква врска имаме со овие теми, освен критиката упатена на оние кои наместо да се борат за уништување на постоечкиот систем на експлоатирање, се обраќаат токму на истиот тој, во суштина барајќи некаков вид „реформа“ за него самиот? Јасно е дека оние кои сакаат да достигнат моќ, а не негово уништување, можат само да го критикуваат лошото раководење на политичките институции, оставајќи ги недопрени смислата и структурата, без навистина да го доведе во прашање нивниот опстанок, но што можат да бараат анархистите од државата и институциите? Или пак некој се покорил (на многу опасната) логика на „посредни борби“? Зарем тоа значи дека сме станале синдикалисти на бунтот? Каква врска имаме ние со тажачките за укинување на услуги, со оглед дека државата ги пружа? Зарем стигнавме до логиката на милостина, упс, на социјалната држава и во анархистичките средини? Не верувам.

Некој ќе одговори дека е потребно да се учествува за да не се остави простор на „оние“, но зарем не забележуваме дека играме партија со обележани карти? Овој ден со месеци се подготвува во галаксијата на автономијата, која со своите слогани (со неподносливото „се гледаме на 11“ залепено на што било...) создава слика на синдикална борба, значи не го доведува вистински во прашање збирот на симболи под името држава, власт итн..., туку всушност бара нивно подобрување во „народна“ смисла, без допирање на темелните структури. Не мислам дека анархистите и анархистките се обидоа да ја изменат содржината на денот, значи да се учествува и да се затне носот, можеби само заради страв да не испаднат од „општествените борби“, како заглупената и реакционерна маса да не очекува ништо друго освен ослободувачки зборови на оние без знамиња.

Покрај тоа, протестот од 11 јули им се обраќа на оние кои доброволно ги прифаќаат сопствените окови, на оние кои ги штитат - правото на работа! - на оние кои тивко бараат само малку да ги олабават, можеби обојат во црвено. Се обраќа на граѓанското општество кое го поздравува делувањето на „добрите“ судии и е огорчено заради гнасотилаците на „лошите“; кои велат „сите нека си одат“ - слоган кој во суштина е реакционерен, кој не ја критикува структурата туку управува со неа - барајќи „чесни“ службеници; кои сакаат реформа на затворот, а не негово уништување; кое го одбива насилството, но може на истото да се изложи. Каква врска имаме ние со тоа глупаво стадо? Зарем имаме можеби религиозни намери да ги искупиме масите преку Зборови? Ако е така, зарем тогаш не би било подобро - за вас! - да организирате миса под знакот на заокружено А (сепак се надеваме дека нема да го сторите тоа!) наместо да учествувате на литургии на црвени ѕвезди, со надеж дека ќе пронајдете малку сопствен простор? Понекогаш ми се чини дека оние кои проповедаат социјален анархизам внатре секојдневните борби на масата, поседуваат синдикалистичко однесување кои се залага за посредни борби, но не како привремена стратегија, со која и онака не се согласувам, туку од страв дека соговорникот не би можел да сфати за што зборуваат... и со тоа се согласувам, не можат да ја сфатат смислата на целосното ослободување затоа што многу се плашат од тоа, можеби и не го сакаат тоа, и сигурно нема заради илјада зборови или илјада протести да го променат мислењето. Оној кој сам нема да се ослободи не може никој друг да го ослободи и да ги искине оковите кои го приковуваат однатре, тоа е целосно индивидуален процес кој минува низ мрачни патишта. Зарем мислите дека можете да го објасните тоа? Повторувам, големите улични литургии како оваа не би требало да нѐ засегаат, ниту како „критичко учество“ затоа што уште еднаш ќе бидеме само споредни ликови во играта на разни авторитарци.

„Другите навистина се одвратни, единственото можно општество е во нас самите.“

Оскар Вајлд

Зарем навистина мислите дека поголеми или помали улични протести имаат смисла? Организирајте ги. Јас лично сметам дека директниот напад, а не со посредство на авторитетот во сите свои облици, е патот кој најмногу ми прилега. Која е користа? Насладата на акцијата, заглушувачкиот рев против бурите на реакцијата, исправен на прамецот не се наведнувам, преоѓам во противнапад. Која е користа... а дали сте баш толку сигурни дека улицата е „корисна“? Дека некому е потребна за да „отвори очи“? Или динамиките кои водат од тажачки до бес ни се непознати, како впрочем и на сите? Ако последново тврдење е точно, зарем не е помудро да се делува онака како што ни е посродно на сопствените чувства, а не како што е покорисно за лагите на социјалната педагогија? Освен тоа, зарем и улиците не се автореференцијални во корист на „колективната индивидуалност“ која - покрај сѐ - навистина е смешен оксиморон?

Дури и кога сето тоа не би било доволно, навистина го сметам за неподнослив фактот дека треба да се кренеме на денови кои ги одредува непријателот, по интериоризираната отпорска логика која сепак би требало да остави простор и на постојаниот напад врз експлоатацијата и авторитетот. Да се кренеме како „одговор на...“, пред сѐ со одредени премиси, во некоја мера значи да се оправда и легитимира авторитетот на противникот, но противниците постојат во играта во која се делат правилата, на пример во таканаречената демократска дијалектика, но ние бунтовниците/револуционери кои се спротивставуваме на нивните норми, нивната демократија и заради тоа нѐ напаѓаат, што ќе ни се противници? Ние имаме непријатели, со кои нема преговори.

Не сум a priori против протести, но тие треба да бидат дел од контекстот на реалниот и секојдневен напад врз авторитетот, кој денес дефинитивно е ограничен, и тој напад би требало да има вистински револуционерни темели во анархистичка смисла. Сега и веднаш, затоа што сега и овде живееме. Значи не се осудувам на инерција, јас само на борбата гледам од поинаква перспектива. Не се работи за мирување, се работи за систематичен напад со акции од секакви облици и димензии врз авторитетот, следејќи ја логиката на мали групи и афинитет.

11 јули ќе биде претстава на реформистичкото, буржоаско, конзервативно дисидентство. Секој нека заземе свој став кон тој ден, и немој повторно да започнуваме со вообичаените жалопојки затоа што сме наседнале...

„Без оглед на политичките идеи кои некој ги има, единствено е сигурно дека другарите кои сакаат активно да учествуваат во анархистичката борба треба да ги разберат грешките на непријателот и да бидат чекор пред него, одредувајќи ги своите потези со многу внимание и трпение. Сѐ со цел да се избегнат непромислени потези, но без тоа да доведе до инерција“.

Никос Романос

„Глупост на движењето е кога не jа зема предвид неодложноста на нападот и дека затворот секогаш ќе биде логичен след за сите оние кои сакаат да го уништат системот. Државата и капитализмот имаат огромно оружје и вооружени војници, за сузбивање нереди, но кога ќе се спореди како илјадници луѓе кои протестираат за зголемување на платите не претставуваат опасност за моќта, во однос на оние поединци кои само „палат“ нешто од нивната сопственост, изјавувајќи дека повеќе нема да бидат подјармени, докажувајќи ѝ на моќта дека повеќе не одговараме на нејзиниот вообичаен јазик на контрола.“

Ит (Eat)

M.

 


Наслов на оригиналот: „Cattedrali nel deserto. Riflessioni intorno all’11 luglio”